ДИРЕКТОР
БОЈАН ХРИСТОВСКИ
Бојан Христовски е третиот директор во Агенцијата за национална безбедност. На позицијата директор во агенцијата, која е наследник на претходната безбедносна служба, доаѓа во октомври 2024 година. Својата кариера во службата, претходно дел од Министерството за внатрешни работи, ја започнува во 2006 година, а на повеќето раководни позиции во истата се наоѓа од 2012-та година. Кус временски период се наоѓа надвор од безбедносните служби, во јавниот сектор, но истиот останува посветен на безбедносните ангажмани преку академската работа. Христовски има завршено постдипломски студии на Факултетот за безбедност при Универзитетот Св. Климент Охридски во 2019-та година со труд на темата поврзана со дерадикализацијата на странските борци како дел од мерките за борба против тероризмот. Во текот на скоро дведецениската безбедносна професионална кариера, Христовски учествува на бројни меѓународни обуки и студиски престои од кои позначајни за споменување се оние поврзани со Маршаловата и ИЛЕА програмите. Христовски со сопругата се среќни родители на две близначиња.
НАДЛЕЖНОСТИ
Агенцијата за национална безбедност е самостоен орган на државна управа, основан со цел заштита на националната безбедност на државата, односно заради заштита на независноста, суверенитетот, уставното уредување, основните слободи и права на човекот и граѓанинот загарантирани со Уставот на Република Северна Македонија, како и други работи од интерес на националната безбедност на државата.
Агенцијата своите работи ги врши во согласност со Уставот на Република Северна Македонија, законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот на Република Северна Македонија.
Агенцијата во вршењето на работите од законски утврдената надлежност постапува независно и без влијание од политичките партии.
КОНТРОЛА И НАДЗОР
Контролни тела:
- Јавниот обвинител на Република Северна Македонија
- Судијата на Врховниот суд на Република Северна Македонија кој ја издал наредбата
Надзорни тела:
- Собранието - непосредно и преку надлежни работни тела
- Народниот правобранител на Република Северна Македонија
- Дирекцијата за заштита на лични податоци
- Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации
- Државниот завод за ревизија
- Советот за граѓански надзор согласно Законот за следење на комуникациите
- Други органи согласно закон
ОРГАНИЗАЦИСКА СТРУКТУРА
