Директор
БОЈАН ХРИСТОВСКИ
Бојан Христовски е третиот директор во Агенцијата за национална безбедност. На позицијата директор во агенцијата, која е наследник на претходната безбедносна служба, доаѓа во октомври 2024 година. Својата кариера во службата, претходно дел од Министерството за внатрешни работи, ја започнува во 2006 година, а на повеќето раководни позиции во истата се наоѓа од 2012-та година. Кус временски период се наоѓа надвор од безбедносните служби, во јавниот сектор, но истиот останува посветен на безбедносните ангажмани преку академската работа. Христовски има завршено постдипломски студии на Факултетот за безбедност при Универзитетот Св. Климент Охридски во 2019-та година со труд на темата поврзана со дерадикализацијата на странските борци како дел од мерките за борба против тероризмот. Во текот на скоро дведецениската безбедносна професионална кариера, Христовски учествува на бројни меѓународни обуки и студиски престои од кои позначајни за споменување се оние поврзани со Маршаловата и ИЛЕА програмите. Христовски со сопругата се среќни родители на две близначиња.