По повод годишнината од основањето на Агенцијата за национална безбедност, директорот на Агенцијата во своето обраќање се осврна на развојот на службата, нејзината улога во заштитата на националната безбедност и одговорноста што ја носи во услови на сè покомплексни безбедносни предизвици.
Во своето обраќање, тој истакна дека националната безбедност е постојана државна одговорност која бара континуирана подготвеност, професионализам и навремено препознавање на ризиците.
„…Превенцијата е метод на работа, но таа е и филозофија. Таа е најсилносто оружје на современите безбедносни служби. Кога превенцијата успева, граѓаните продолжуваат да живеат мирно, економијата се развива, институциите функционираат, а државата останува стабилна.“
Во продолжение погледнете еден дел од обраќањето на директорот на Агенцијата за национална безбедност.