Во своето обраќање директорот истакна дека Агенцијата континуирано ги продлабочува односите со институциите во земјата и со партнерските и сојузничките безбедносно-разузнавачки служби.
Како дел од евроатлантската безбедносна архитектура и полноправна членка на НАТО, Северна Македонија има одговорност не само кон сопствената, туку и кон колективната безбедност. Токму затоа, меѓународната соработка, размената на информации, заедничките анализи и координацијата со сојузниците се важен дел од градењето безбедна, стабилна и отпорна држава.
„Нашата сила не се мери само според сопствените капацитети, туку и според довербата што ја уживаме кај нашите сојузници.“
Директорот им оддаде и јавно признание на сите вработени во Агенцијата за национална безбедност за нивната посветеност, пожртвуваност и одговорност, без чии напори резултатите и успехот на Агенцијата не би биле можни.
„…Зад секој успешно завршен предмет, зад секоја навремено препознаена закана, зад секоја донесена проценка и зад секоја мирна ноќ на нашите граѓани – стојат луѓе… луѓе кои својата професија не ја избрале затоа што е лесна, туку затоа што веруваат дека нема повисока чест од тоа да ѝ се служи на својата татковина.“
Погледнете го делот од обраќањето на директорот посветен на институционалното и меѓународното партнерство, како и благодарност кон вработените.