Уште една успешна крводарителска акција во Агенцијата за национална безбедност

Како дел од континуираните активности за поттикнување на солидарноста и грижата за заедницата, денес во Агенцијата за национална безбедност се одржа уште една успешна крводарителска акција.

Со овој хуман гест, припадниците на Агенцијата повторно ја потврдија својата општествена одговорност и несебична поддршка за сите оние на кои крвта им е најпотребна.

Ваквите акции веќе стануваат убава традиција која ќе продолжи и во иднина, со цел редовно да се помага онаму каде што е најважно – во спасувањето човечки животи.

sqAL