Работна средба со директорот на Агенцијата за национална безбедност на Црна Гора

Во просториите на Агенцијата за национална безбедност денес се одржа работна средба помеѓу директорот на АНБ, Бојан Христовски, и директорот на Агенцијата за национална безбедност на Црна Гора, Ивица Јановиќ.

На средбата беа дискутирани повеќе теми од заеднички интерес, меѓу кои актуелните безбедносни предизвици со кои се соочуваат двете институции, како и тековните проекти што се спроведуваат со цел модернизација и подобрување на условите за работа.

Двете страни ја истакнаа својата подготвеност за продлабочување на веќе воспоставената соработка, базирана на доверба и меѓусебно почитување, како и за размена на искуства и добри практики кои ќе придонесат кон поефикасно справување со заедничките предизвици.

Со оваа средба беше потврдена заложбата на Агенцијата за национална безбедност за континуирано унапредување на партнерствата со сродните институции во регионот и зајакнување на регионалната безбедносна соработка.

mk_MKMK