Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за национална безбедност и Јавното обвинителство на РСМ

Агенцијата за национална безбедност и Јавното обвинителство на Република Северна Македонија склучија Меморандум за соработка, со цел унапредување и зајакнување на меѓусебната соработка.

Меморандумот е потпишан од директорот на Агенцијата за национална безбедност, м-р Бојан Христовски и Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, м-р Ненад Савески.

Со овој меморандум се утврдува рамка за соработка во области од заеднички интерес, со посебен акцент на ефикасно спроведување на надлежностите на двете институции, како и унапредување на превенцијата и справувањето со безбедносните предизвици.

Соработката ќе се реализира преку:

размена на податоци, информации и искуства;

заеднички активности, проекти, конференции, обуки и работилници;

координација во области од заеднички интерес.

Воедно, двете институции се обврзаа на примена на највисоки стандарди за безбедност и доверливост при реализација на соработката, согласно важечкото законодавство.

mk_MKMK