
Во духот на хуманоста и општествената одговорност, во Агенцијата за национална безбедност се реализираше крводарителска акција.
Со дарувањето крв, вработените уште еднаш ја потврдија својата солидарност и подготвеност да помогнат таму каде што е најпотребно. Овој хуман чин претставува директен придонес во обезбедувањето крв и крвни деривати за пациентите на кои им се неопходни.
Агенцијата останува посветена на поддршка на вакви иницијативи, кои ја промовираат хуманоста, заедништвото и грижата за заедницата.


