Иднината на Агенцијата за национална безбедност се гради врз јасна определба – уште помодерна, попрофесионална, поотпорна и поефикасна институција, посветена на заштитата на интересите на државата и нејзините граѓани.
Во завршниот дел од своето обраќање, Директорот истакна дека интегритетот, стручноста, отчетноста и довербата треба да останат темел на работата на Агенцијата, како и нејзината посветеност кон сојузниците и кон јавноста.
Притоа, беше нагласено и значењето на превенцијата, навременото реагирање и постојаното унапредување на капацитетите како клучни принципи за справување со идните безбедносни предизвици.
Со поглед кон иднината, Агенцијата останува посветена на вредностите што ја определуваат нејзината мисија – превенција, подготвеност, храброст и одговорност кон татковината.