
Директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, денеска присуствуваше на меѓународната научна конференција „Системската корупција – најголема безбедносна закана“, организирана од Факултетот за безбедност – Скопје, што се одржа во Клубот на пратеници.

Конференцијата потврди дека борбата против системската корупција и справувањето со безбедносните предизвици не се само академска расправа, туку темел за изградба на посилни институции и посигурно општество.
Научниците и практичарите, обединети на едно место, ги отворија прашањата што бараат итни решенија. Големите промени започнуваат со храбри разговори, а ваквите средби се значаен чекор кон посигурна иднина.
Присуството на Агенцијата за национална безбедност на вакви настани ја потврдува нејзината заложба за јакнење на партнерствата со академската заедница и унапредување на јавните политики во интерес на безбедноста и стабилноста на државата.
