
Ве информираме дека по извршените подготовки, Агенцијата за национална безбедност го стави во функција полиграфското тестирање.
Досега од страна на Агенцијата за национална безбедност се спроведени неколку полиграфски тестирања и во натамошниот период во континуитет ќе се користи полиграфското тестирање како инструмент преку кој се овозможува избор на висококвалитетен кадар во постапките за вработување, како и за тековна проверка на професионалниот интегритет на вработените во Агенцијата за национална безбедност.
Со примената на полиграфското тестирање ги унапредуваме професионалноста, интегритетот и довербата.