АНБ и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување потпишаа Меморандум за соработка


Агенцијата за национална безбедност и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување денеска потпишаа Меморандум за соработка, со што ја потврдија заедничката заложба за воспоставување на непосредна институционална соработка во функција на заштита на националната безбедност на државата.

Соработката ќе се реализира преку увид и размена на податоци, со цел поефикасно спроведување на законските надлежности на Агенцијата во процесот на откривање и спречување активности поврзани со безбедносни закани и ризици.

Потпишувањето на овој Меморандум претставува пример за одговорен и координиран пристап меѓу институциите, во насока на унапредување на институционалната транспарентност, интегритет и одговорност при спроведувањето на законите и заштитата на државните интереси.

Агенцијата за национална безбедност и понатаму ќе продолжи со активности насочени кон унапредување на меѓуинституционалната соработка во областите од јавен интерес, со цел зајакнување на безбедносниот систем и институционалната координација.

mk_MKMK