
Директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски денеска присуствуваше на отворањето на конференцијата на Асоцијацијата на алумни на Националната академија на ФБИ (FBINAA), која се одржа во организација на Министерството за внатрешни работи, во партнерство со Федералното биро за истраги на САД (FBI) и Канцеларијата на аташе на ФБИ при Амбасадата на САД во Софија.

Конференцијата претставува значајна можност за продлабочување на соработката и размена на искуства меѓу професионалците од областа на безбедноста, како и потврда за заедничките заложби во справувањето со современите безбедносни предизвици.






Присуството на Агенцијата за национална безбедност на вакви меѓународни настани претставува уште една потврда за посветеноста кон унапредување на регионалната и глобалната соработка во интерес на безбедноста на граѓаните и државата.