


Агенцијата за национална безбедност во координација и соработка со МВР – СВР Струмица, а во согласност со своите законски овластувања на 30.06.2025 во Струмица спречи транспорт на 100 килограми опојна дрога – марихуана чија крајна дестинација беше Р. Бугарија.
По добивањето на информациите од наш извор за транспортот на марихуаната, извршена е координација со МВР – СВР Струмица (поради месна надлежност) и надлежен јавен обвинител и од нивна страна постапно е по доставените сознанија, преземени се оперативно тактички мерки и активности при што запрено е возило управувано Е. Б. од село Попчево, струмичко и сопатници А.С.(39) и А.С.(24) од скопско.
При преглед на патничко возило „голф“ со фалсификувани регистарски ознаки, беа пронајдени шест торби со 100 пакувања марихуана, со вкупна тежина од околу 100 килограми.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава и ќе бидат изведени пред судија од Основен суд Струмица.