Преку оваа платформа граѓаните и вработените имаат можност брзо и едноставно да пријават случаи од различна област. Вашата пријава е важна за навремено откривање, спречување и санкционирање на евентуални неправилности.
По избор на соодветната категорија, ќе бидете насочени кон формулар каде што можете да ги внесете потребните информации:
Внатрешна контрола – пријави поврзани со постапките, работата и однесувањето на вработените во АНБ.
Безбедност – пријави за закани, сомнителни активности или ризици што можат да ја загрозат националната или јавната безбедност.
Информации – доставување на корисни сознанија и податоци што можат да помогнат во работењето на Агенцијата.
Сите пријави се третираат со највисоко ниво на доверливост и заштита на податоците на подносителот.