
На 02 април 2025 година, во седиштето на Факултетот за безбедност – Скопје, директорот на Агенцијата за национална безбедност, м-р Бојан Христовски и деканот на Факултетот за безбедност, проф. д-р. Јонче Ивановски потпишаа Меморандум за соработка.
Со овоj Меморандум двете институции го потврдија заедничкиот интерес за меѓусебна соработка и поддршка во организирање и спроведување на научно истражувачки, фундаментални и применети проекти, анализи и евалуации од областа на безбедноста, поврзани со примена на најнови научно фундирани истражувања од страна на Факултетот, кои можат да се применат при спроведување обука на припадниците на Агенцијата, како и усовршување на кадри, размена на искуства, знаења и едукациіа.
Согласно Меморандумот, соработката ќе се одвива во повеќе области меѓу кои организирање настани од интерес на двете институции, изработка на правна регулатива од областа на безбедноста, практична настава за студентите од Факултетот во Агенцијата, стипендирање и доделување школарини за стручно усовршување на припадници на Агенцијата, како и профилирање кадар од редовите на студентите за потребите на Агенцијата.