Надзорна посета во Агенцијата за национална безбедност

Собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање на 10 септември 2025 година реализираше надзорна посета во просториите на Агенцијата за национална безбедност.

Директорот на АНБ, Бојан Христовски ги информираше членовите на Комисијата за утврдени неправилности и незаконито постапување во институцијата во периодот од 2019 до 2024 година. Тој посочи дека за случајот веќе се доставени известувања до надлежното Јавно обвинителство, кое постапува по предметите, поради што пратениците во оваа фаза не можеа да извршат увид во документацијата.

На средбата беше нагласена важноста од институционално постапување во согласност со законската регулатива, како и од суштински парламентарен надзор врз работата на АНБ. Членовите на Комисијата беа запознаени и со други активности што се преземаат за подобрување на условите за работа и надминување на утврдените недостатоци во функционирањето на Агенцијата

mk_MKMK