Агенцијата за национална безбедност успешно спроведе полиграфско тестирање

Ве информираме дека по извршените подготовки, Агенцијата за национална безбедност го стави во функција полиграфското тестирање.


Досега од страна на Агенцијата за национална безбедност се спроведени неколку полиграфски тестирања и во натамошниот период во континуитет ќе се користи полиграфското тестирање како инструмент преку кој се овозможува избор на висококвалитетен кадар во постапките за вработување, како и за тековна проверка на професионалниот интегритет на вработените во Агенцијата за национална безбедност.


Со примената на полиграфското тестирање ги унапредуваме професионалноста, интегритетот и довербата.

mk_MKMK