Работна посета на Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР на Агенцијата за национална безбедност

Собраниската комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и на Агенцијата за разузнавање, на 15 април 2025 год., реализираше работна посета во просториите на АНБ.



На средбата, директорот на АНБ, Бојан Христовски, и неговите соработници ги брифираа членовите на Комисијата за актуелните предизвици со кои се соочува Агенцијата, активностите поврзани со меѓународната и меѓуинституционалната соработка, како и за материјално-техничката и кадровската екипираност.



Безбедносните проверки, следењето на комуникациите, отпочнатиот процес на полиграфското тестирање и просторното решение за Агенцијата беа едни од прашањата од интерес на членовите на Комисијата.



На крајот од средбата, членовите на Комисијата изразија подготвеност за поддршка на АНБ, во контекст на зајакнување на нејзините капацитети, со цел соодветно и навремено справување со новите безбедносни предизвици, во насока на зачувување на националната безбедност на државата.

mk_MKMK