Најдобрите дипломирани студенти од Факултетот за безбедност – дел од Агенцијата за национална безбедност

Предизвиците на современиот безбедносен систем не се нешто што може да се совлада само преку теоретско знаење – тие претставуваат динамична реалност што бара подготвени, одговорни и високо мотивирани професионалци.

Токму затоа, целта на овие предавања е на студентите да им се доближат реалните аспекти на безбедносната професија, да се поттикне критичко размислување и да се изгради свест за одговорноста што ја носи оваа професија. Воедно, овие средби имаат за цел да ги мотивираат младите да се насочат кон кариера во која знаењето, интегритетот и посветеноста имаат вистинска вредност.

Особено охрабрувачки е што оваа година, врз основа на податоци од Факултетот за безбедност, најдобрите дипломирани студенти веќе се вработени во Агенцијата за национална безбедност. Ова претставува конкретен и значаен исчекор што ја потврдува суштинската поврзаност помеѓу образовниот систем и безбедносните институции.

Ќе продолжиме да ја унапредуваме оваа практика и во иднина, со јасна определба да се препознава и поддржува квалитетот, да им се отвораат можности на младите и да се гради силен, професионален и кредибилен безбедносен систем.

mk_MKMK